(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан

(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан

пред 5 часа

Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.

Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.

Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

Текстот (Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top