Скоулс: Падот на Ливерпул кога Слот глумеше диџеј на Ибица

Скоулс: Падот на Ливерпул кога Слот глумеше диџеј на Ибица

пред 2 часа

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, верува дека шокантниот пад на формата на Ливерпул започнал откако менаџерот Арне Слот бил забележан како се забавува на Ибица пред самиот крај на претходната, шампионска сезона на „Црвените“.

Пред само шест месеци, Ливерпул убедливо ја освои титулата во англиското првенство, но денес ситуацијата е значително поинаква – тимот е на 12-то место, а холандскиот стручњак е трпи жестоки критики.

Откако ја обезбедија титулата во лигата на крајот на април, „Црвените“ не успеаја да победат во ниту еден од последните четири натпревари од сезоната. Во овој период, менаџерот Слот отпатува на Ибица, каде што беше снимен како ужива во друштво на Вејн Линекер. Ливерпул моментално е во криза, поразен е на шест од последните седум лигашки натпревари, а Сколс остро го критикуваше однесувањето на тренерот.

„Мислам дека започна кон крајот на минатата сезона, се сеќавате кога ја освоија лигата? Лошата форма започна, отидоа на Ибица или нешто слично. Искрено, Арне Слот беше диџеј. Беше диџеј на Ибица. Но, тоа беше пред да заврши сезоната, тоа е она што го мислам. Мислам дека е непочитување, пред да заврши сезоната“, рече Сколс во подкастот „Добриот, лошиот и фудбалот“.

Иако не коментираше директно за патувањето на Ибица, холандскиот тренер ја призна одговорноста за она што го нарече „смешен“ пад на формата на неговиот тим.

Поранешниот стратег на Феенорд имаше огромна заслуга во освојувањето на титулата, но откако потроши речиси 500 милиони евра на засилувања ова лето, повеќе не е сигурен во својот статус на „Енфилд“.

„Би го опишал тоа како смешно. Нешто во што не очекував дека ќе се најдам. Не во ниту еден клуб каде што требаше да работам, а камоли во Ливерпул. Неверојатно е. Ако можеш да најдеш изговор, никогаш нема да најдеш доволно изговори за да играш вака. Неочекувано за клубот, за мене и за сите. Но, јас работам во клуб каде, ако мора да се соочиш со тоа, ова е најдобриот клуб за тоа“, рече Слот пред натпреварот од Лигата на шампионите против ПСВ.

Share
Scroll to Top