Чеферин за Ериксен: Фудбалот е преграсна игра, а Кристијан прекрасно ја игра!

Чеферин за Ериксен: Фудбалот е преграсна игра, а Кристијан прекрасно ја игра!

пред 3 години

Случувањата од вчера на „Паркен“ во Копенхаген, во 43-тата минута на мечот Данска – Финска се уште се една од главните теми во фудбалска Европа.

Кристијан Ериксен е во болница откако за момент неговото срце застана по падот на тревникот. Реакции и молитви стигнуваат од сите страни, а последните вести од данскиот табор се дека неговата состојба е стабилна.

Коментар за стравичните сцени имаше и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин кој на Данецот му посака брзо опоравување.

„Моментите како овој ставаат се во животот во нова перспектива. Му посакувам на Кристијан брзо опоравување и се молам неговото семејство да има сила и верба. Во овие моменти заедништвото на фудбалското семејство е многу силно, а тој и неговото семејство носат убави желби и молитви од сите нас. Слушнав како навивачите на двете селекции го скандираат неговото име. Фудбалот е преграсна игра, а Кристијан прекрасно ја игра!“ – порача Чеферин.

Share
Scroll to Top