(Видео) Силна бура и дожд во Грција: улиците под вода, во сила црвено предупредување

(Видео) Силна бура и дожд во Грција: улиците под вода, во сила црвено предупредување

пред 4 недели

Бурата Адел ја зафати Атика носејќи силни бури и повремен град. Одредени делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави „Катимерини“.

Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, а времето се очекува да се подобри дури од недела.

Најголеми врнежи се предвидуваат за западните и за северните делови на земјата, како и за источниот Егеј, каде што бурите може да бидат придружени со град и многу силни ветрови.

Цивилната заштита е во целосна готовност.

По состанокот на Комитетот за процена на ризикот, државниот апарат беше активиран во областите во кои се очекуваат најинтензивни катастрофи.

Министерството за климатски кризи и цивилна заштита објави дека мерките со највисоко ниво на подготвеност – црвено предупредување – се воведени за северен Егеј и за Додеканезите.

Според метеоролозите, најкритичниот период ќе биде првите 12 часа од петок – од рано наутро до пладне – додека системите на бури ќе се движат кон Додеканезите во текот на денот.
А Атика може да очекува обилни врнежи од дожд, иако помалку интензивни од најзагрозените области.

Противпожарните служби и цивилната заштита се во целосна готовност за можни интервенции.

Обилни врнежи од дожд и бури се прогнозираат за денес во делови од Халкидик, Серес, Кукуш и Солун до попладне на Јонските Острови и во западен и јужен Пелопонез, како и на Додеканезите во текот на вечерта.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Силна бура и дожд во Грција: улиците под вода, во сила црвено предупредување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top