Дождливо со максимална температура до 12 стапени

Дождливо со максимална температура до 12 стапени

пред 11 месеци

Метеоролозите за денеска прогнозираат облачно време, со врнежи кои ќе бидат сконцентриани во крајниот западен регион во сабота и тоа повеќе во втората половина од денот.

Од УХМР велат, дека врнежи ќе бидат слаби и дека во најголем дел од котлините ќе имаат појава на магла и ниска облачност наутро, но со тенденција тие да се задржат во поголем дел од претпладнето.

Позачестени врнежи се очекуваат во недела, и тоа повторно повеќе во западниот крај, но без голем потенцијал за значајна количина на воден талог. Приквечер врнежи може да се очекуваат и во североисточниот крај.

Заради влијанието на јужното струење, снег ќе врне само на височина над 1.700 метри. Во сабота навечер и во првата половина од недела очекуваме умерен југозападен ветер во западните делови од земјава.

Наутро ќе имаме претежно негативни вредности на температурата, но не пониски од -5°С.Во сабота температурата низ поголем дел од котлините и повисоките неселени места ќе има вредности во границите помеѓу 6°С и 8°С. Потопло ќе биде на југоисток каде максималната температура ќе достигне до околу 12°С.

Недела ќе биде за околу 2°С потопла во однос на сабота.

Текстот Дождливо со максимална температура до 12 стапени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top