(Видео) Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

(Видео) Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

пред 4 часа

На еден од главните меѓународни аеродроми во Бразил изби пожар на авион Airbus A320.

Во моментот на пожарот во авионот имало 180 лица. Сите патници и членови на екипажот биле евакуирани.

Според првите информации, пожарот избил од колички за багаж паркирани блиску до товарниот дел на авионот, а огнот се проширил под едното крило. Екипажот веднаш го активирал протоколот за итни случаи и ги евакуирал патниците со надувувачки лизгалки.

Аеродромската противпожарна служба го изгаснала пожарот, а авионот бил одведен на понатамошна истрага. Летот бил откажан.

Бразилските власти и Националната агенција за цивилно воздухопловство започнале опсежна истрага за причините за пожарот

Текстот (Видео) Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top