Папата го прими Зеленски. „Мирот во Украина ќе се постигне преку дијалог“

Папата го прими Зеленски. „Мирот во Украина ќе се постигне преку дијалог“

пред 10 месеци

Папата Лав ја нагласи потребата од континуиран дијалог за постигнување праведен и траен мир за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Ватикан.

„Папата ја повтори потребата од континуиран дијалог и изрази желба сегашните дипломатски иницијативи да донесат праведен и траен мир без одложување“, се вели во соопштението.

„Беа дискутирани и прашањата за воените заробеници и потребата да се обезбеди враќање на украинските деца во нивните семејства“, соопшти Ватикан, кој посредува меѓу Киев и Москва за прашањето на децата.

Зеленски денеска се сретна со Папата во папската резиденција Кастел Гандолфо, околу 30 километри југоисточно од Ватикан, а подоцна во текот на денот треба да се сретне и со италијанската премиерка, Џорџа Мелони во Рим.

фото/депозитфотос

Текстот Папата го прими Зеленски. „Мирот во Украина ќе се постигне преку дијалог“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top