(Видео) Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди во Сиднеј

(Видео) Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди во Сиднеј

пред 4 дена

Најмалку 10 лица загинаа во пукaње што се случи на плажата Бонди во Сиднеј, Австралија.

Пукањето се случило за време на прославата на еврејскиот празник Ханука. Очевидци за „Скај њуз“ изјавија дека се слушнале околу 50 истрели, додека стотици луѓе во паника бегале од местото на настанот.

Еден од напаѓачите бил убиен на лице место, додека другиот е ранет и се наоѓа во притвор.

На терен веднаш интервенирала полицијата и службите за итна медицинска помош, со десетици амбулантни возила собраани на паркингот Норт Бонди Централ.

Локалните власти ја истражуваат причината за нападот и моментално не даваат дополнителни детали за мотивот.

Текстот (Видео) Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди во Сиднеј е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top