Колапс во Фиорентина, играчите испратени во карантин

Колапс во Фиорентина, играчите испратени во карантин

пред 9 часа

Фиорентина доживува еден од најтешките моменти во својата историја, а атмосферата во клубот е на работ на експлозија. „Виола“, по 15 натпревари се уште нема победа во Серија А. Со шест бода, Фиорентина се наоѓа на последното место на табелата.

Фиорентина, во неделата, доживеа пораз од Верона на домашен терен (1:2). По деветтиот пораз во сезоната, клупските челници презеде драстични мерки кои јасно укажуваат дека ситуацијата е алармантна.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, клубот воведе целосен медиумски молк и го испрати тимот во карантин, во „Виола Парк“.

Нема изјави, нема обраќања, нема објаснувања за навивачите. Фудбалерите биле префрлени од стадионот во тренинг центарот веднаш по натпреварот со Верона, во придружба на полицијата.

Полицијата мораше да реагира поради страв од можни инциденти, иако немаше поголеми немири. Сепак, гневот на навивачите беше гласен и јасен.

Незадоволството беше видливо на стадионот „Артемио Франки“, по поразот од Верона. Свирежи, навреди и скандирања ги следеа играчите кои останаа на теренот со наведнати глави.

Тимот ќе остане во карантин до понатамошно известување, а многу е можно карантинот да продолжи и во наредните денови. Во среда е планирано патување во Лозана, каде што Фиорентина ја чека последниот натпревар од групната фаза на Конференциската лига.

Исто така, по серијата лоши резултати, неизвесна е и судбината на тренерот Паоло Ваноли, кој пред еден месец дојде на местото на Стефано Пиоли.

Италијанските медиуми не ја исклучуваат можноста, клубот во јануари да преземе радикални мерки, а тоа значи отпуштање не само на тренерот, туку и неколку фудбалери.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top