Верона го избрка Ди Франческо

Верона го избрка Ди Франческо

пред 3 години

Еузебио Ди Франческо повеќе не е тренер на Верона. Клупските челници му врачија отказ поради лошите резултати на почетокот на сезоната.

Верона забележа порази во водените три кола во Серија А, а испадна и од Катанцаро во Купот на Италија. Ова е неславен рекорд за Ди Франческо, кој минатата сезона доби отказ во Сампдорија по само осум натпревари.

Кариерата на Ди Франческо оди по надолна линија, иако на почетокот на кариерата бележеше одлични резултати со Сасуоло, а потоа и со Рома со која дојде до полу-финалето во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми тврдат дека нов тренер на Верона ќе биде Игор Тудор.

Share
Scroll to Top