(Видео) Херојот од плажата Бонди закрепнува од прострелните рани во болница

(Видео) Херојот од плажата Бонди закрепнува од прострелните рани во болница

пред 13 часа

Ахмед ал-Ахмед е фотографиран во болница како закрепнува од прострелните рани што ги добил за време на нападот. 43-годишниот татко на две девојчиња се сретнал со премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, во понеделникот, кој го нарекол „херој од вистинскиот живот“. Минс рекол дека неговата извонредна храброст, со голем личен ризик, спасила непознат број животи.

Според неговите родители, Ахмед бил застрелан повеќепати во рамото и сè уште е во болница, објави ABC.

Ахмед ал-Ахмед совлада еден од напаѓачите за време на нападот и му го зеде оружјето. На видеото, кое се прошири на интернет, го прикажува 43-годишниот сопственик на продавница за овошје Ахмед како трча кон напаѓачот и му го грабнува оружјето. Кога му го зел оружјето, тој го насочил кон него принудувајќи го да се повлече.

Американски милијардер донира речиси 100.000 долари за херојот од Бонди

Американски милијардер донира речиси 100.000 долари – максималниот износ дозволен за онлајн-донација – на човекот наречен херојот од плажата Бонди. Донацијата изнесува 99.999 долари, што е речиси 85.000 евра.

Текстот (Видео) Херојот од плажата Бонди закрепнува од прострелните рани во болница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top