Фудбалерите на Арсенал се последните полуфиналисти од англискиот Лига куп. Лондонските „топџии“, по голема борба и по изведување на пенали, славеа во градското дерби против тимот на Кристал Палас и закажаа дуел против уште поатрактивниот градски ривал, Челзи.
Натпреварот на стадионот „Емирати“ заврши по регуларното време со резултат 1:1 (0:0), но момците на Микел Артета беа поуспешни во изведувањето на пенали и победија со 8:7.
Трагичар на натпреварот ја донесе дефанзивецот на Кристал Палас, Французинот Максанс Лакроа. Прво, тој си постигна автогол во 80-та минута, а потоа го промаши во осмата серија. Палас изедначи во 94-та минута со голот на капитенот Марк Гуеи.
Пред него, сите изведувачи беа исклучително прецизни и самоуверени: Едегор, Рајс, Сака, Тросар, Мерино, Калафиори, Тимбер и Салиба кај Арсенал, односно Матета, Девини, Хјуз, Соса, Лерма, Вортон и Уче кај Палас.
„Топџиите“ ќе играат два натпревари против Челзи во полуфиналето на 13 или 14 јануари на „Стемфорд Бриџ“, а реваншот две недели подоцна на „Емирати“.
Foto/ depositphotos






