„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

пред 4 часа

„Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство. Под раководство на министерот за здравство, Азир Алиу, се поставуваат нови стандарди и се инвестира таму каде што е највитално, во животот на граѓаните“, велат од „Влен“.

„Со одлуката за 100 нови амбулантни возила, во вредност од над 461 милион денари, се обезбедува побрз одговор на итни случаи, поефикасен транспорт на пациенти и подобра покриеност низ целата земја, како во градовите, така и во руралните средини.

Во исто време, се решава еден од најстарите и најиритирачки проблеми, паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Со отстранувањето на административните пречки, се отвора патот за ред, модернизација, зголемени капацитети и организиран пристап за пациентите и медицинскиот персонал.

Коалицијата ВЛЕН високо ја цени решителноста и сериозноста на министерот Азир Алиу, кој докажува дека здравството не се реформира со зборови, туку со храбри одлуки и конкретна работа. ВЛЕН за здравствена заштита што функционира, за држава што се грижи“, соопшти „Влен“.

Текстот „Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top