Илјадници верници се собраа на Бадник во Келнската катедрала за да ја прослават божиќната миса, но празничната атмосфера одеднаш беше нарушена од бизарен испад на маскиран маж. Инцидентот ги шокираше присутните и брзо стана тема на социјалните мрежи, пишува германскиот „Билд“.
Како што потврди полицијата за „Билд“, маж облечен во црна наметка искочи од толпата, со впечатлива златна маска на лицето и плишани уши на главата. Тој изведе краток танц пред олтарот. Чуварите на катедралата, таканаречените Домшвајцери, веднаш се качија на сцената и го испратија надвор од црквата без отпор.
Ein Mann mit goldener Maske hat die Christvesper im Kölner Dom gestört, die Hintergründe des Vorfalls sind unklar. Eltern berichten von eingeschüchterten Kindern. Die Zahl antichristlicher Vorfälle und Straftaten ist zuletzt deutlich gestiegen.https://t.co/cHjcHXaf3a pic.twitter.com/vSOVKsQMJf
— Apollo News (@apollo_news_de) December 25, 2025
Не беше потребна полициска интервенција, никој не беше повреден, а видео од вратарите како го водат човекот наскоро беше објавено на Инстаграм. Иако мисата продолжи, публиката беше шокирана. Инцидентот предизвика и лавина од негативни коментари на интернет, при што многумина го осудија настапот како чин на непочитување.
„Моите деца беа навистина исплашени за момент“, коментираше еден маж. „Воопшто не ми е смешно. Почитта е на прво место“, рече друг. „Без оглед на религијата… Ако сте во црква, однесувајте се соодветно“, заклучи трет.
Во моментов не е јасно што стои зад овој инцидент на Бадник и дали станува збор за некаква провокација или за валкана шега. Според информациите од полицијата во Келн, сè уште не се поднесени кривични пријави против злосторниците.
Текстот (Видео) Маскиран маж ја прекина божиќната миса во катедрала во Келн е превземен од МАКФАКС.






