Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус и српската репрезентацја Душан Влаховиќ, објави шпанската „Марка“.
Според шпанскиот весник, Барселона наводно веќе го направила првиот чекор и го контактирала Влаховиќ, кој има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година.
„Ова е првиот контакт, бидејќи каталонскиот клуб сака да ја искористи ситуацијата што се појави на пазарот. Отворената војна минатото лето помеѓу Влаховиќ и Јувентус заврши без продолжување на договорот, но играчот се врати на теренот, бидејќи знаеше дека влегува во последната година од договорот. Целта е играчот да пристигне на крајот од сезоната без обештетување или да пристигне во зимскиот преоден рок под многу поволни услови“, објави „Марка“.
Исто така, се наведува дека Барселона веќе некое време бара замена за Роберт Левандовски, кој сè уште не го продолжил договорот со каталонскиот клуб. Полскиот напаѓач би можел да ја напушти Барселона на крајот од сезоната.
Влаховиќ се опоравува од повреда и би можел да се врати на теренот во март следната година. Српскиот фудбалер одигра 17 натпревари за Јувентус оваа сезона и постигна шест гола.
Пред Јувентус, тој играше за Фиорентина и Партизан.
Foto/ depositphotos






