Макрон изрази три желби за 2026 година – единство, сила и надеж

Макрон изрази три желби за 2026 година – единство, сила и надеж

пред 4 часа

Францускиот претседател Емануел Макрон во своето традиционално новогодишно обраќање до нацијата изјави дека има три желби за 2026 година, единство, сила и надеж, објавија локалните медиуми.

„Нашата историја нè учи дека можеме да надминеме сè, да се соочиме со сè, ако знаеме како да останеме обединети. Затоа, никогаш да не заборавиме дека нашите причини за заеднички живот се посилни секој ден од она што може да нè раздели“, рече Макрон за време на неговото деветто и претпоследно новогодишно обраќање до францускиот народ.

Зборувајќи за меѓународната ситуација, каде што се среќава „враќање на империите и доведување во прашање на меѓународниот поредок“, Макрон ја нагласи одбраната на француската „независност и слободи“, залагајќи се за забрзување на „европската одбрана“.

„Европската одбрана долго време е предмет на дебата, а во следната година, 2026 година, ќе се забрза, почнувајќи од 6 јануари во Париз, кога бројни европски и сојузнички земји ќе дадат конкретни обврски за заштита на Украина и обезбедување праведен и траен мир на европскиот континент“, рече Макрон.

Францускиот претседател повика на заштита на „индустриска и земјоделска Европа преку воспоставување фер и еднакви трговски правила со остатокот од светот“.

Макрон ја изрази својата „желба за надеж“ за 2026 година, повикувајќи ги луѓето да не се откажуваат од „напредокот што е сè уште можен, под услов да се гради, да се работи напорно, да се инвестира на долг рок и да се препознае дека вистинскиот напредок не се постигнува преку ноќ“.

„Да не се откажуваме од хармонизирањето на климата, биодиверзитетот, растот и независноста“. Да не се откажуваме од тоа да бидеме пообединета и побратска нација“, нагласи францускиот претседател.

Текстот Макрон изрази три желби за 2026 година – единство, сила и надеж е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top