Microsoft Teams конечно ја воведува опцијата со помош на која ќе можете да ги стивнете колегите кои не знаат да престанат меѓусебно да се допишуваат.
Ако го користите Microsoft Teams за состаноци, а не сакате кога луѓето разменуваат пораки во текот на презентацијата, услугата наскоро ќе овозможи стивнување на текстуалните пораки.
Плановите за надградба на Microsoft Teams можете да ги следите со одење на страницата Microsoft 365 Roadmap, каде се наоѓаат планираните, објкавени и развиени функции за производите на Microsoft.
Таму се наоѓа една многу интересна нова функција со која модераторот на состаноци во Microsoft Teams ќе може да го исклучи четот.
Оваа функција е се упте во фаза на развој, а Microsoft планира да ја објави пред крајот на ноември оваа година.