Венс: Европа се движи кон цивилизациско самоубиство

Венс: Европа се движи кон цивилизациско самоубиство

пред 4 часа

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, ги критикуваше европските земји, велејќи дека тие „апсолутно тргнале по патот на цивилизациско самоубиство“.

Во интервју за „Newsmax“, Венс објасни дека критиките кон администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон Европа произлегуваат од желбата за зајакнување на европскиот континент политички, економски и воено.

„Ние споделуваме заедничко цивилизациско наследство. Не можете да ја турнете вашата економија од карпа. Зошто ни е грижа за НАТО? Затоа што сакаме Европа да може да се одбрани ако, не дај Боже, биде нападната. Ние всушност ја сакаме Европа“, рече Венс, според „CNN“.

Истиот ден, Венс разговараше со „Washington Examiner“ за Гренланд и преговорите со европските лидери, кои ги води заедно со државниот секретар Марко Рубио.

Тој изјави дека јавното непријателство на европските земји кон барањата на Трамп за Гренланд е „само изговор“ и дека европските лидери биле „многу поразумни“ во приватните разговори.

„Тие беа неверојатно непријателски настроени јавно, но зад сцената признаа дека Гренланд е важен за нашиот заеднички безбедносен сојуз на НАТО“, рече Џ.Д. Венс.

Тој додаде дека и Русија и Кина посочиле планови за дејствување во Гренланд во следните неколку години, што, според него, го прави американското присуство „клучно за одбраната и проекцијата на моќ“.

Венс истакна дека евентуалната руска или кинеска контрола врз Гренланд би ја ослабнала безбедноста на САД и на НАТО алијансата и би ја загрозила ракетната одбрана.

„Тоа би им дало можност да проектираат моќ. Тоа би ја ослабнало нашата ракетна одбрана и затоа сето ова зборува во прилог на зајакнувањето на таа област, обезбедувањето на нејзината безбедност“, рече тој.

Текстот Венс: Европа се движи кон цивилизациско самоубиство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top