(Видео) Шефицата на АфД: Украина мора да плати за минирањето на нашиот гасовод

(Видео) Шефицата на АфД: Украина мора да плати за минирањето на нашиот гасовод

пред 4 часа

Копретседателката на партијата Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, предупреди дека доколку нејзината партија дојде на власт, ќе бара од Украина да ја надомести штетата предизвикана од саботажата на гасоводот „Северен тек“.

„Недостатокот на евтин природен гас е штетен не само за Германија, туку и за цела Европа, но најмногу ја погодува Германија“, рече Вајдел на партиски митинг во југозападната покраина Баден-Виртемберг.

„Како е можно германската влада да има толку малку самопочит што дури и не бара истрага? Можам да ви кажам што ќе правиме кога ќе дојдеме на власт. Ќе бараме отштета. Украинците, Володимир Зеленски, едноставно мора да платат за минирањето на нашиот гасовод“, нагласи таа.

Вајдел рече дека земја што се однесува на таков начин не може да биде пријател на Германија. Таа додаде дека Германија издвоила повеќе од 70 милијарди евра помош за Украина.

„Им испративме оружје. Канцеларот Фридрих Мерц вети дека ќе испрати германски војници. Како може да биде толку рамнодушен кон историјата? И, патем, да испрати германски тенкови против Русија“, рече таа.

Текстот (Видео) Шефицата на АфД: Украина мора да плати за минирањето на нашиот гасовод е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top