Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Европа повеќе не е „центар на вниманието“ на Вашингтон и дека промената е „структурна, а не привремена“.
Зборувајќи на годишната конференција на Европската агенција за одбрана, Калас додаде дека иако ЕУ продолжува да се стреми кон силни трансатлантски врски и САД ќе останат нејзин сојузник, Европа мора да се прилагоди на новите реалности, а „НАТО мора да стане “поевропски“ за да ја одржи својата сила“.
„Ризикот од целосно враќање кон политиката на принудна моќ, сфери на влијание и свет каде што моќта прави сè, е многу реален“, заклучи таа.
Текстот Калас: Европа повеќе не е во центарот на вниманието на Вашингтон, но нашата сила е во единството е превземен од МАКФАКС.






