ФИФА повторно е на удар на критики поради цените за паркинг на натпреварите од Светското првенство 2026 во Лос Анџелес. Според извештаите, паркинг пропусници за натпревари на „Софи стадионот“ се продаваат по цена од 250 до 300 долари по место, иако се наоѓаат повеќе од една милја (околу 1,6 километри) оддалеченост од стадионот, објави утрово „Дејли мејл“.
Навивачите се лути бидејќи цената за паркинг е повисока од билетите за некои натпревари од групната фаза.
„Паркинг цените се одредуваат врз основа на локалните пазарни услови и споредба со други големи настани,“ изјавија од ФИФА за „Атлетико“.
Стадионот во Лос Анџелес ќе биде домаќин на осум натпревари, вклучувајќи го и отворањето на репрезентацијата на САД и една четвртфинална средба. Светското првенство ќе почне на 11 јуни.
Фото: Депозитфотос






