Снегот го парализираше најголемиот аеродром во Германија, летовите откажани

Снегот го парализираше најголемиот аеродром во Германија, летовите откажани

пред 4 часа

Аеродромот во Франкфурт привремено ги суспендираше летовите повеќе од еден час денес по обилните врнежи од снег.

Операциите беа прекинати околу 15 часот по локално време, а во тој период немаше полетувања или слетувања поради насобран снег на пистите, објави операторот на аеродромот Фрапорт АГ.

Според податоците на Фрапорт, најмалку 67 од вкупно 922 закажани летови за тој ден беа откажани, додека десетина авиони беа пренасочени кон аеродромот во Штутгарт.

Пистите беа повторно отворени околу 16:15 часот, но Фрапорт предупреди дека сè уште може да се очекуваат застои во сообраќајот.

На патниците им беше советувано да ја проверат состојбата на своите летови кај авиокомпаниите.

Текстот Снегот го парализираше најголемиот аеродром во Германија, летовите откажани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top