(Видео) Се урнаа згради во Либан: шест лица загинаа

(Видео) Се урнаа згради во Либан: шест лица загинаа

пред 4 часа

Најмалку шест лица загинаа, а седум други беа повредени кога две соседни згради се урнаа во либанскиот град Триполи во неделата, а уште луѓе се заробени под урнатините, изјави локален функционер.

Абдел Хамид Кариме, зборувајќи на прес-конференција во Триполи, не кажа колку уште луѓе би можеле да бидат заробени под урнатините во северниот округ Баб ал-Табане.

Претходно, шефот на службата за цивилна заштита на Либан изјави дека 22 лица живееле во урнатите згради. Спасувачите и жителите досега извлекле три лица живи од урнатините, објави либанската државна новинска агенција.

Текстот (Видео) Се урнаа згради во Либан: шест лица загинаа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top