Франција го освои првиот историски златен медал во биатлон во штафетата 4×7,5 километри. Норвежаните и Швеѓаните останаа зад францускиот штафетен тим.
Штафетните тимови на Франција, Норвешка и Шведска водеа неверојатна борба од почеток до крајот. Секој детаљ беше важен, и прецизноста во гаѓањето и трчањето, при што видовме бројни престигнувања во сите четири измени.
Во втората измена, Емилиен Жакелан беше одличен за Французите, тој му даде шанса на својот тим да се бори за самиот врв, а на крајот, сè беше во рацете на најмладиот член на штафетниот тим, Ерик Перо, кој, по првиот удар, направи недостижна предност и ја одведе Франција до првиот златен медал во оваа дисциплина во историјата. Дури ни две промашувања на последнотата серија на стрелиштетот не го спречија во тоа.
Златната штафета ја сочинуваат Фабиен Клод, Емилиен Жакелан, Квентин Фијон Маје и Ерик Перо.
Франција го освои златото со време од 1:19:55,2.
Среброто замина во рацете на Норвешка. Норвежаните ја завршија трката со разлика од 9,8 секунди. Мартин Улдал, Јохан-Олав Ботн, Струла Холм Легрејд и Фетл Сјастад Кристијансен го освоија медалот за Норвешка.
Бронзата им припадна на Швеѓаните, кои имаа разлика од 57,5 секунди. Шведскиот тим го сочинуваа Виктор Брант, Јеспер Нелин, Мартин Понсилуома и Себастијан Самуелсон.
Траката ја бележа присуствоти на еден од најдобрите фудбалски тренери во историјата. . Честа да го заѕвони ѕвончето за да ги предупреди натпреварувачите што влегуваат во финалната рунда му припадна на Јирген Клоп.
Клоп честопати изјавувал дека е голем љубител на зимските спортови, а сега доби навистина единствена можност, да ужива во еден од неговите омилено спортотви.
Foto/ EPA






