(Видео) Артета плачеше по киксот на Арсенал

(Видео) Артета плачеше по киксот на Арсенал

пред 3 часа

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по шокантното реми (2:2), кај Вулверхемптон, изјави дека тој и играчите се виновни што испуштиле два гола предност против последно пласираната екипа во Премиер лигата.

Играчот на Арсенал, Рикардо Калафјори, со авто-гол во 94-та минута го постави конечниот резултат. Тој момент Шпанецот го испрати со солзи во очите.

Артета рече дека сите критики кон неговиот тим биле оправдани откако „топџиите“ освоија само еден бод во натпревар во кој беа големи фаворити. Арсенал има пет бода повеќе од Сити, но доколку викедов „граѓаните“ го победат Кристал Палас тогаш предноста ќе биде само два бода.

Шпанскиот стручњак нагласи дека тимот мора да ги прифати сите критики што следат и да покаже реакција веќе во недела, против Тотенхем, во дербито на северен Лондон.

„Слободно критикувајте нè колку што сакате затоа што не игравме на потребното ниво. Што и да кажат луѓето, може да биде вистина затоа што не го направивме она што требаше да го направиме“, рече Артета.

„Денес мора да прифатите секое прашање, критика и мислење. Тоа е комплимент и за Вулверхемптон, не смеат да бидат потценети. Направивме некои основни и едноставни работи многу погрешно.“

Арсенал беше на врвот на табелата за време на трката за титулата во последните три сезони, но секој пат завршуваше втор. Синоќешното реми, ги оживеа лошите спомени и стравовите дека повторно би можеле да се најдат на второто место во шампионската трка.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top