(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

пред 4 часа

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот прекуграничен напад. Ова беше најновата ескалација на насилството меѓу соседите кои минатата година потпишаа договор за прекин на огнот со посредство на Катар.

Авганистанските сили ги нападнаа пакистанските гранични трупи синоќа, во она што талибанската влада го опиша како одмазда за претходните смртоносни воздушни напади. Најмалку три експлозии се слушнаа во Кабул неколку часа подоцна.

Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека 55 пакистански војници се убиени во нападот синоќа, вклучувајќи некои чии тела биле префрлени во Авганистан, додека „неколку други се заробени живи“. Исто така, соопшти дека осум лица од нивна страна се убиени, а 11 други се ранети.

Министерот за информации на Пакистан, Атаула Тарар, сепак, изјави дека двајца пакистански војници се убиени, а тројца се ранети. Тој додаде дека 36 авганистански борци се убиени.

Министерот за одбрана на Пакистан: Чашата на трпение се прели
Министерот за одбрана на Пакистан изјави дека земјата е во „отворена војна“ со соседниот Авганистан откако двете земји извршија воздушни напади преку ноќ.

Хаваџа Мухамед Асиф рече дека Исламабад „нема трпение“.

„Чашата на трпение ни е прелиена. Сега има отворена војна меѓу нас и вас (Авганистан)“, рече тој.

Текстот (Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top