Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото

Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото

пред 4 часа

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото и рече дека „вечен срам“ ќе ги снајде оние што тврдат дека ја следат дипломатијата, но, соочени со аргументите на Иран, попуштија и решија да прибегнат кон воени средства.

Тој нагласи дека Техеран верува дека е посветен на хуманитарните принципи, пренесува „Ал Џезира“.

„Ционистичкиот режим не се воздржува од никаков злобен чин. Ги молам моите арапски пријатели внимателно да размислат. Режимот не се двоуми да го прошири опсегот на војната, да го расипе угледот на Иран и да изврши злосторства во други земји“, додаде Багеи, пренесува Танјуг.

Текстот Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top