(Видео) Јокиќ со трипл-дабл ја расипа историската ноќ на Леброн

(Видео) Јокиќ со трипл-дабл ја расипа историската ноќ на Леброн

пред 10 часа

Во неизвесна завршница, Денвер Нагетс ги надиграа Лос Анџелес Лејкерс со 120:113 и го одбранија петтото место во Западната конференција. во исориската ноќ на Леброн Џемс, блескаше Никола Јокиќ со 23-от трипл-дабл во сезоната.

Тимот од Колорадо веќе во првата четвртина стекна двоцифрена предност, која продолжи да расте до максимални плус 15. Во ниту еден момент не изгледаше дека ривалот може да се врати во мечот, сè до финишот и последните две минути.

Лејкерси се доближија на поен негатива, ја пропуштија можноста да израмнат бидејќи Остин Ривс погоди едно од двете слободни фрлања. На две минути до крајот, Јокиќ ја зеде топката – и покажа зошто е најдобриот кошаркар на планетата.

Следеа шест брзи поени, со што ја обезбеди победата на Денвер.

Јокиќ го запиша својот 23-ти трипл-дабл во сезоната со 28 поени, 12 скока и 13 асистенции, со многу добар шут од поле (10/15). Сепак, дури девет загубени топки фрлија дамка врз извонредната напаѓачка партија.

Џамал Мареј постигна ист број кошеви за тимот на Дејвид Аделман, додека Лука Дончиќ беше најефикасен на другата страна (27 поени, 11 поени, 7 асистенции). Леброн Џејмс одигра солидно (16 п, 5 ск, 8 аса) во натпреварот во кој повторно испиша историја.

Леброн Џејмс, до јде до бројката од 15.838 поени постигнати од игра и со тоа го сруши рекордот на легендарниот Карим Абдул-Џабар.

Share
Scroll to Top