Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на својата социјална мрежа Truth Social објави изјава за Иран, велејќи дека нема да има договор со земјата и барајќи нејзино „безусловно предавање“.
Во својата објава, тој исто така изложи визија за иднината на Иран откако ќе се исполни тој услов, ветувајќи економски просперитет со помош на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници.
„Нема да има договор со Иран освен БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ! После тоа, и изборот на ОДЛИЧЕН И ПРИФАТЛИВ лидер (или лидери), ние, заедно со нашите многубројни прекрасни и многу храбри сојузници и партнери, ќе работиме неуморно за да го вратиме Иран од работ на уништување, правејќи го економски поголем, подобар и посилен од кога било досега. ИРАН ЌЕ ИМА ОДЛИЧНА ИДНИНА. „ДА ГО НАПРАВИМЕ ИРАН ПОВТОРНО ГОЛЕМ (МИГА!). Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање“, напиша Трамп во објавата.
фото/Depositphotos
Текстот Трамп: Нема да има договор со Иран освен безусловно предавање е превземен од МАКФАКС.






