Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Во недела и понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со слаби локални врнежи од дожд.
Од вторник следува период на стабилно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.
Текстот Утре сончево време со температура до 18 степени е превземен од МАКФАКС.






