Фудбалерите на Осасуна и Мајорка одиграа нерешено 2:2 во 27-то коло од шпанската Ла Лига.
Луд натпревар одиграа овие тимови во Памплона, гостите водеа со 0:2 до 90-та минута со головите на Ведат Муриќи, но не успеаја да победат. Тие ја прекинаа серијата од четири последователни порази, но нема да бидат задоволни со освоениот бод.
Ведат Муричи, го прекина постот, 250 минути немаше постигнато гол. Напаѓачот роден во Призрен дојде до бројката од 18 голови во Примера, пред него е само Килијан Мбапе (23 гола).
Аргентинскиот стручњак Мартин Демикелис речиси имаше совршено деби на клупата на Мајорка, а кој е проблемот со овој тим ќе мора да открие што е можно поскоро, пред да биде предоцна.
Мајорка е сè уште во зоната за испаѓање, се наоѓа на 18-от со 25 бода, додека Осасуна сега е 10-та на табелата со 34 бода на своето конто.
Треба да се нагласи дека двата тима го завршија натпреварот со десет бода.
Прво, директен црвен картон му беше доделен на Вирџили од Мајорка во 73-та минута, а потоа истото му се случи и на Раул Гарсија од Осасуна во 81-та минута.
Домашниот тим се снајде многу подобро во играта 10 на 10.
Осасуна го намали резултатот на 1:2 преку Кике Барха во 90-та минута, а потоа Анте Будумир, погоди против поранешниот клуб, во четвртата минута од судиското продолжение и ги постави конечните 2:2.
Foto/ EPA






