Израел се закани дека ќе ги таргетира и наследниците на Хамнеи

Израел се закани дека ќе ги таргетира и наследниците на Хамнеи

пред 4 дена

Израелската војска предупреди дека ќе продолжи да го прогонува секој што ќе се обиде да го наследи убиениот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Во објава на платформата Икс, на профилот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), се наведува дека иранското Собрание на експерти, кое не се состанувало со децении, наскоро ќе се состане во градот Ком.

„Иранското Собрание на експерти, кое не се состанувало со децении, наскоро ќе се состане во градот Ком. Сакаме да ви порачаме дека раката на Државата Израел ќе продолжи да го прогонува секој наследник и секое лице што ќе се обиде да именува наследник“, се наведува во објавата.

„Ги предупредуваме сите кои имаат намера да учествуваат на состанокот за избор на наследник дека нема да се двоумиме и вас да ве ставиме на мета. Ова е предупредување“, додаваат од израелската војска.

Фото: ЕПА

Текстот Израел се закани дека ќе ги таргетира и наследниците на Хамнеи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top