Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер разговараа телефонски за ситуацијата на Блискиот Исток и за воената соработка меѓу САД и Обединетото Кралство.
Според соопштението од Даунинг стрит, двајцата лидери разговарале за последните случувања во регионот, како и за користењето на базите на Кралските воздухопловни сили (РАФ) во поддршка на колективната самоодбрана на партнерите.
Стармер изразил сочувство до Трамп и американскиот народ по смртта на шест американски војници во судирите со Иран.
Разговорот следи по критиките на Трамп кон Обединетото Кралство поради, како што наведе, доцната поддршка за американско-израелските напади врз Иран. Стармер претходно изјави дека Велика Британија нема да влезе во војна без јасна правна основа и конкретен план.
Фото: Depositphotos
Текстот Трамп и Стармер разговараа за воената соработка и базите е превземен од МАКФАКС.






