Трамп: Војната со Иран наскоро ќе заврши и тоа кога јас ќе сакам

Трамп: Војната со Иран наскоро ќе заврши и тоа кога јас ќе сакам

пред 3 часа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека војната со Иран „наскоро ќе заврши“ бидејќи, како што изјави, „практично нема што да се таргетира“.

„Кога и да сакам да заврши, ќе заврши“, рече Трамп во петминутно интервју за американскиот „Аксиос“.

Американскиот претседател подоцна додаде дека војната „одеше одлично“, објави „Гардијан“.

„Војната одеше одлично“, рече Трамп. „Далеку сме пред планираниот распоред. Направивме поголема штета отколку што мислевме дека е можно, дури и во првично планираниот шестнеделен период“.

Текстот Трамп: Војната со Иран наскоро ќе заврши и тоа кога јас ќе сакам е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top