Виткоф: Британската поддршка за САД дојде „малку предоцна“

Виткоф: Британската поддршка за САД дојде „малку предоцна“

пред 5 часа

Британската поддршка за воената акција на САД против Иран дојде „малку предоцна“, но односот на премиерот Кир Стармер со Доналд Трамп може да се поправи, верува Стив Виткоф, еден од најблиските доверливи луѓе на американскиот претседател.

Виткоф, кој беше специјален пратеник на Трамп за Блискиот Исток, ја коментираше ситуацијата по серијата јавни критики што американскиот лидер ги упати кон британскиот премиер во врска со ставот на Велика Британија во врска со нападите на САД и Израел врз Иран, објавува The Guardian.

Стармер се обиде да ги поправи нарушените односи во телефонски разговор со Трамп во неделата. Ова се случи откако американскиот претседател објави на социјалните медиуми:

„Не ни требаат луѓе што се приклучуваат на војни откако веќе сме победиле“.

Објавата дојде неколку дена откако Трамп се пожали дека на Стармер „му требало предолго“ да одобри користење на воздухопловните бази во Велика Британија за американските сили. Подоцна тој им рече на новинарите: „Тука не се работи со Винстон Черчил“.

И покрај зборовите на Трамп, Виткоф понуди попомирувачки тон во интервју за GB News.

„Тој рече, како што знаете „премалку, предоцна“, но мислам дека тие имаат добар, цврст однос и се надевам дека можеме да го поправиме“, рече тој.

„Јас се водам според она што го кажува претседателот, а тој постојано вели дека секој има право на свое мислење. Но, мислам дека понекогаш забележуваме дека недостасува чувство на благодарност“, додаде Виткоф.

„Мислам дека ставот на претседателот е дека правиме многу за Европа, многу за Обединетото Кралство, во однос на трговијата, одбраната и поддршката што ја даваме на НАТО. И мислам дека понекогаш реципроцитетот, таа реципрочност, малку недостасува. Тука ќе застанам, во ред?“, заклучи тој.

Фото: ЕПА

Текстот Виткоф: Британската поддршка за САД дојде „малку предоцна“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top