Литванија ќе забрани влез за руски војници што учествувале во војната во Украина

Литванија ќе забрани влез за руски војници што учествувале во војната во Украина

пред 6 часа

Литванија планира да воведе забрана за влез во земјата за сите припадници на руските вооружени сили кои учествувале во војната против Украина.

Ова го потврди литванскиот министер за внатрешни работи Владислав Кондратович, додавајќи дека веќе се подготвува список на руски војници на кои ќе им биде забранет влезот во земјата, пренесе „Украинска правда“.

Тој појасни дека станува збор за национална иницијатива и дека Литванија се води по примерот на Естонија, која веќе започнала со спроведување на слични мерки.

Фото: Depositphotos

Текстот Литванија ќе забрани влез за руски војници што учествувале во војната во Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top