Психијатар во Марсеј осуден на 20 години затвор: силувал пациентки

Психијатар во Марсеј осуден на 20 години затвор: силувал пациентки

пред 3 часа

Судот во Марсеј денес осуди психијатар од тој град на 20 години затвор за силување и сексуално злоставување на четири пациентки.

Пред една година, Кривичниот суд во Буш-ди-Рон го осуди докторот на 12 години поради намалена ментална способност поради биполарно растројство, објави „Фигаро“.

Обвинителството, кое во прв степен бараше 18 години затворска казна, поднесе жалба против таа одлука, а овој пат, јавниот обвинител, Винсијан де Јонг, побара максимална казна од 20 години, наведувајќи дека начинот на дејствување на предаторот и перверзноста на стапицата што ја поставил за своите жртви се некомпатибилни со намалената ментална способност.

Психијатарот Марк Адида, кој е во притвор од 2020 година, постојано ги негира обвиненијата, и покрај доследните сведоштва од тужителите и другите пациенти кои не поднеле жалби. Психијатар во болницата Сен-Маргарит беше осуден за силување на три пациентки и сексуален напад на четврта. Неговите пациенти, кои страдале од биполарно растројство, шизофренија или депресија, им ја опишале на истражителите на првичното судење состојбата на шок што ги направила „марионети“ во рацете на докторот, пренесува Танјуг.

Во март 2013 година, Адида бил присилно хоспитализиран по манична епизода за време на која се обидел да ја задави својата тогашна сопруга. Сепак, тој бил прогласен за способен да продолжи со својата пракса како психијатар во тоа време, како и повторно во 2016 година, откако првата пациентка тужела за силување, која на крајот ја повлекла тужбата. На него сега трајно му е забрането да се занимава со медицина.

Текстот Психијатар во Марсеј осуден на 20 години затвор: силувал пациентки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top