„Финалисима“ официјално е откажана

„Финалисима“ официјално е откажана

пред 4 часа

Европската фудбалска унија објави дека финалето, дуелот помеѓу шампионите на Европа и Јужна Америка е откажано.

Натпреварот меѓу Шпанија и Аргентина требаше да се игра на 27 март во Катар, но натпреварот прво беше поместен поради воените дејствија на Блискиот Исток.

Постоеше идеја натпреварот да се игра во Мадрид, со капацитет од 50-50 гледачи. Сепак, Аргентина одби.

Друга опција беше да се играат два натпревари, едниот во Мадрид на 27 март, а другиот во Буенос Аирес за време на меѓународната пауза пред ЕУРО 2028 и Копа Америка, но и оваа понуда беше одбиена.

Конечно, УЕФА побара од Аргентина да најде неутрален терен во Европа, но и ова беше одбиено.

Аргентина поднесе предлог натпреварот да се игра по Светското првенство, но бидејќи Шпанија немаше достапни датуми, таа опција беше одбиена.

Патем, на 27 март, Шпанија ќе игра против Србија во пријателски натпревар дома.На крајот, УЕФА изрази голема благодарност до Реал Мадрид и Шпанската фудбалска асоцијација, кои дадоа сѐ од себе за да го организираат овој натпревар и понудија помош и соработка.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top