Пред објектот „Пулс“ во Кочани се поставени 63 срца со имињата на жртвите од трагедијата, а под нив се оставени цвеќиња во знак на почит, сеќавање и тага за изгубените животи. Пред една година на концертот на ДНК на песната „Што сака нека биде“ се случи трагедија по избувнат пожар во кој загинаа и голем број деца, а над 200 лица беа повредени.
Со низа настани денеска се одбележува годишнината од трагедијата што ја потресе јавноста и одзеде десетици млади животи. Граѓани, семејства на жртвите и пријатели се собираат пред местото на несреќата за да им оддадат почит на загинатите.
View this post on Instagram
Текстот (Видео) 63 срца со имињата на жртвите поставени пред „Пулс“ во Кочани е превземен од МАКФАКС.






