Израелскиот министер за одбрана тврди дека во синоќешните напади е убиен високиот ирански функционер Али Лариџани, иако Иран засега не ја потврдува оваа информација.
Според израелските тврдења, во нападот бил убиен и Голамреза Солејмани, командант на силите Басиж. Израел најави дека ќе продолжи со напади врз раководството на иранскиот режим.
Само неколку дена пред нападот, Лариџани преку социјалните мрежи му упати пораки на американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека Иран нема да попушти и дека „не може да се добие војна со неколку твитови“.
Во една од објавите, тој порача: „Пазете да не бидете елиминиран“.
Лариџани е еден од највлијателните ирански политичари, поранешен претседател на парламентот и клучна фигура во безбедносните и нуклеарните политики на земјата, со долгогодишни врски со безбедносните структури и врвот на власта во Техеран.
Текстот „Пази да не бидеш елиминиран“: Лариџани му се закани на Трамп неколку дена пред нападот е превземен од МАКФАКС.






