Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека САД сè уште не се подготвени да го напуштат Иран, но дека тоа ќе се случи „во многу блиска иднина“. Одговарајќи на новинарско прашање за планот за Иран по заминувањето на американските сили, Трамп тврдеше дека, во случај на итно повлекување, „ќе бидат потребни 10 години“ за обнова на земјата, според Sky News.
„Сè уште не сме подготвени да го напуштиме, но ќе го напуштиме во блиска иднина, и тоа наскоро“, рече Трамп.
Оваа е најновата во низата изјави што укажуваат на непрецизни американски рокови за завршување на војната.
Самиот Трамп, на пример, на почетокот на месецот процени дека операцијата ќе трае „четири до пет недели“.
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, рече дека Трамп ја има „целата слобода на светот да зборува за тоа колку долго може или не може да трае – четири недели, две недели, шест недели“.
Неговата проценка беше донекаде потврдена од портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, која рече дека американската воена кампања, која сега е во третата недела, може да трае четири до шест недели.
фото/Depositphotos
Текстот Трамп: САД сè уште не се подготвени да го напуштат Иран, но ќе го сторат тоа во блиска иднина е превземен од МАКФАКС.





