Израел намерно ги таргетира медицинските објекти, велат либанските здравствени работници

Израел намерно ги таргетира медицинските објекти, велат либанските здравствени работници

пред 4 часа

Либанските здравствени работници велат дека израелските бомбардирања намерно ги таргетираат медицинските објекти и персоналот во јужен Либан. Според нив, се користи тактика на „двоен удар“ како дел од систематски обид да се направи областа ненаселива.

Од почетокот на конфликтот, Израел погоди најмалку 128 медицински установи и амбулантни возила, при што загинаа 40 здравствени работници, а 107 беа ранети, објави либанското Министерство за здравство. Војната започна откако Хезболах лансираше ракети врз Израел, предизвикувајќи израелска воена кампања, пишува „Гардијан“.

Многу од нападите се случиле додека медицинскиот персонал бил во амбулантни возила или центри за прва помош, од кои неколку беа уништени. Израел, според очевидци, извршил најмалку пет двојни напади – прво еден удар, потоа пауза, дозволувајќи им на медицинските екипи да пристигнат, па потоа втор удар.

Израелската војска ги отфрла обвинувањата и тврди дека Хезболах користи амбулантни возила за воени цели, но либанското министерство за здравство го осуди обвинувањето како обид за оправдување на воените злосторства.

Според медицинските работници, нападите се дел од пошироките израелски напади врз цивилната инфраструктура со цел да се направи животот во јужен Либан „непогоден за живеење“.

Болничарите ја прилагодуваат работата за да преживеат – тимовите се намалени, не се собираат заедно, спијат во амбулантни возила.

Бројот на повредени се зголемува. Во 17 дена борби, повеќе од 1.000 луѓе загинале, а 2.584 биле ранети.

Текстот Израел намерно ги таргетира медицинските објекти, велат либанските здравствени работници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top