САД го одредиле 9 април како можен датум за завршување на војната со Иран, објавија израелски медиуми.
Според весникот Yedioth Ahronoth, неименуван израелски функционер изјавил дека „Вашингтон го одредил 9 април како целен датум за крај на војната, оставајќи околу 21 ден за продолжување на борбите и преговорите.“
Истиот извор додал дека разговорите меѓу Иран и САД се очекуваат подоцна оваа недела во Пакистан, напоменувајќи дека Вашингтон не го информирал Израел за деталите од контактите со претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф.
Текстот Израелски медиум објави можен датум за крај на војната со Иран е превземен од МАКФАКС.






