Руски дрон удри во електрана во Естонија, членка на НАТО

Руски дрон удри во електрана во Естонија, членка на НАТО

пред 4 часа

Дрон што летал од Русија удрил во оџак на електрана во североисточна Естонија, соопшти Естонската служба за внатрешна безбедност во среда наутро. Инцидентот се случил во електраната Овер, која се наоѓа во близина на руската граница, но нема повредени во нападот, објави Euronews.

Естонската служба за внатрешна безбедност, позната по кратенката ISS, ги објави деталите во официјално соопштение.

„Дронот удри во оџакот на електраната Овер. Никој не е повреден во инцидентот“, се вели во соопштението.

Службата, исто така, потврди дека „дронот влегол во естонскиот воздушен простор од рускиот воздушен простор“.

 

фото/Depositphotos

Текстот Руски дрон удри во електрана во Естонија, членка на НАТО е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top