Ирански воен извор предупредuva дека Иран би можел да отвори дополнителни стратешки фронтови, вклучително и областа околу теснецот Баб ел-Мандеб, доколку САД и Израел преземат воена акција против иранските територии или го зголемат притисокот со поморски операции.
Техеран е подготвен да одговори на секој обид за воен или економски притисок со проширување на конфликтот на нови клучни точки.
„Доколку непријателот се обиде да преземе каква било копнена акција на иранските острови или на кој било дел од нашата територија, или ако се обиде да му наметне трошоци на Иран преку поморски маневри во Персискиот Залив или Оманското Море, ние ќе отвориме други фронтови како „изненадување““, соопшти Си-Ен-Ен, цитирајќи ја иранскаta новинска агенција „Тасним“.
Особено беше нагласена важноста на теснецот Баб ел-Мандеб, кој ги поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и Индискиот Океан и претставува еден од клучните правци за глобална трговија. Секоја дестабилизација на оваа област би можела да има сериозни последици за меѓународните трговски текови и безбедноста на пловидбата.
Иранскиот извор дополнително предупреди на можноста за ескалација во врска со Ормускиот теснец, велејќи: „Доколку Американците имаат намера да преземат неодговорни дејствија, треба да внимаваат да не додадат уште еден теснец на нивниот список на предизвици“.
Иран испрати предупредување до САД дека е подготвен да ја бомбардира сопствената територија до уништување со цел да ги нападне сите американски војници што планираат да се истоварат таму.
Заканата им ја пренесоа на САД дипломати од трета земја, објавува „Гардијан“. Медиумите потсетуваат дека денес Пентагон потврди дека планира да испрати дополнителни војници на Блискиот Исток.
Текстот Иран се заканува дека ќе блокира уште еден клучен теснец: „Ќе ја бомбардираме и нашата сопствена почва“ е превземен од МАКФАКС.






