ФБИ потврди дека хакери го нападнале мејлот на директорот Каш Пател, додавајќи дека не дошло до компромитирање на чувствителни податоци.
„’Злонамерни актери’ го таргетирале неговиот личен е-маил“, изјавил портпаролот на агенцијата.
Податоците што хакерите се обиделе да ги компромитираат биле од историска природа и не вклучуваат никакви државни информации, додал тој.
Групата Handala Hack, поврзана со Иран, јавно презеде одговорност за пробивот, објавувајќи фотографии од директорот и негов наводен биографски профил.
Фото: Depositphotos
Текстот ФБИ потврди хакерски напад врз мејлот на директорот е превземен од МАКФАКС.






