„Ако Исак вреди 150 милиони, тогаш Кејн вреди 250“

„Ако Исак вреди 150 милиони, тогаш Кејн вреди 250“

пред 4 часа

Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес, не пропушта можност да зборува за лошите деловни зделки на Ливерпул кога станува збор за одредени трансфери.

Овој пат направи паралела помеѓу парите што Баерн ги инвестираше во Кејн и Ливерпул во Исак.

„Кога баварскиот клуб го донесе Хари Кејн за 95 милиони евра во летото 2023 година, многумина се прашуваа дали англискиот напаѓач навистина вреди толку пари, но денес, речиси три години подоцна, таквите сомнежи исчезнаа“, пишува „Кикер“.

Хенес призна дека постоел одреден ризик во времето на неговото доаѓање, но исто така нагласи колку Кејн напредувал во Баерн.

„На почетокот беше малку ризик бидејќи Хари не играше на ова ниво во Тотенхем, но тука во последните години е неверојатен“, рече Хенес.

„Ако ја гледаме вредноста за парите, 150 милиони евра… Погледнете, Александар Исак од Ливерпул чинеше толку. Ако тој вреди 150 милиони евра, тогаш Хари вреди 250 милиони“, рече Хенес.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top