Киев се извини на Финска откако украински дронови влегле во финскиот воздушен простор, потврди портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхиј Тихиј.
На брифинг во Киев, Тихиј изјави дека дроновите летале кон Русија, но можеби скршнале кон Финска поради попречување од руски системи за електронско војување.
„Можеме јасно да кажеме дека украинските дронови на никаков начин не биле насочени кон Финска. Најверојатната причина е попречување од руските системи за електронско војување. Веќе ѝ се извинивме на финската страна за овој инцидент“, нагласи тој.
Вчера два дрона прелетале над Финска, при што еден паднал северно од градот Коувола, а другиот источно од него. Министерството за одбрана на Финска соопшти дека еден од нив бил идентификуван како украински.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за инцидентот разговарал со финскиот претседател Александар Стуб и дека двајцата ја гледаат ситуацијата на ист начин.
Текстот Украински дронови навлегле во Финска, Киев се извини за инцидентот е превземен од МАКФАКС.






