Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни

Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни

пред 4 часа

Под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на циклонска активност денеска и во четврток ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (утре над 20 l/m², а во четврток над 30 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд.

Денеска и во сабота ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Од недела следува период на претежно стабилно и потопло време.

Текстот Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top