Иранските власти уапсија најмалку 50 лица под обвинение за платенички активности, објави државната новинска агенција SNN, пренесува Ал Џезира.
Соработка со САД и Израел
Уапсената група е обвинета за соработка со САД и Израел, на кои наводно им дале информации за чувствителни локации, вклучувајќи комунални услуги и инфраструктура. Властите запленија електронска и сателитска опрема и оружје за време на операцијата.
Смртна казна за шпионажа
Ова е последното во серијата апсења за шпионажа и следува по претходниот бран апсења по 12-дневната војна со САД и Израел минатата година. Според неодамна заострениот закон, обвинетите за шпионажа во Иран се соочуваат со смртна казна и конфискација на нивниот имот.
Текстот Иран уапси 50 лица поради шпионажа за САД и Израел е превземен од МАКФАКС.





